Емил Павлов го победи Бурак Ујгур од Турција со 6-0 (1-0, 4-0, 5-0, 6-0) на Европските игри во Краков, Полска. Сега Павлов има скор 1-1, па во мечот со Сетафн Команеску му е потребна победа.
Првата борба Емил ја загуби од домашниот каратист Милош Сабиецки 4-8 (1-0, 1-3, 1-4, 1-7, 2-7, 3-7, 4-7, 4-8).
Со две победи Павлов има шанса да обезбеди место во понатамошните борби за добар пласман.
Група А:
Емил Павлов – Милош Сабиецки (Полска) 4-8
Емил Павлов – Бурак Ујгур (Турција) 6-0
Емил Павлов – Стеафн Команеску (Романија) 13:34 ч.
Стеафн Команеску (Романија) – Бурак Ујгур (Турција) 2-1
Стеафн Команеску (Романија) – Милош Сабиецки (Полска) 6-2
Бурак Ујгур (Турција) – Милош Сабиецки (Полска)
Да потсетиме, на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година Павлов освои бронзен медал. Ова му е трет настап на ЕИ.