Давид Мишев (-58 кг) го победи Санто Раписрада од Италија со 8-6 во првото коло на Европското првенство за кадети во борење слободен стил во Сараево, Босна и Херцеговина, но во второто загуби од Грузиецот Торнике Катамаѕе 0-10. Вториот македонски претставик Кадир Камбери (-85 кг) загуби од Турчинот Омер Агташ 0-10.
Мишев има шанса да се бори во репасажот ако Грузиецот се пласира во финалето, бидејќи во полуфиналето се бори против Гркот Георгиос Пилидис. Исто така и Камбери може да се надева на шанса да настапи во репасажот затоа што Агташ во полуфиналето се бори против Санан Ализада ( Азербејџан).
Наредниот ден настапуваат и преостанатите наши борачи Аид Салихази (-46 кг), Мартин Стојансов (-54 кг), Орхан Џафери (-63 кг) и Бајрам Ајдари (-76 кг).
Ipon.mk/В.Д.
.