Легендарниот ММА борец, Вондерлеј Силва, пред неколку дена беше удрен од автомобил додека се возеше со велосипедот во Куритиба, Бразил.
Во интервју за бразилскиот медиум „Трибуна“, „The Ax Murderer“ изјави дека имал скршеница на десната нога и гребнатини на лицето. Човекот кој го удрил поранешниот шампион на Прајд му понудил помош и го однел во болница.
„Можев да умрам ако не носев шлем. Луѓето треба да бидат повнимателни во возењето. Тешко е да се вози велосипед во Куритиба. Човек треба да живее добро, затоа што животот е краток. Бог да ги благослови сите. Ако возите велосипед, тогаш носете шлем, бидејќи никогаш не знаете кога ќе ви треба“, рече 43-годишниот борец за инцидентот.
https://www.instagram.com/p/B-pzxq5nXQU/?utm_source=ig_embed
Wanderlei Silva é atropelado por carro enquanto andava de bicicleta, em Curitiba https://t.co/ttntUZw7b9 #G1 pic.twitter.com/qqD1kPMZxj
— g1 (@g1) June 4, 2020