Младите македонски кикбоксери од Македонската кик бокс маи таи федерација кои освоија два златни и еден сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство во Унгарија, денеска беа пречекани од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски.
„Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и
покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба.
Горди сме на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена.
Македонија е со вас, момци и девојки“, беше истакнато на денешната средба.
Во исклучително силната кокуренција на најдобрите млади кикбоксери од целиот
свет што настапија на Светското јуниорско превенство што се одржа од 24 август до 1 септември во Будимпешта, македонските натпреварувачи не израдуваа со три
медали.
Злато од СП на Македонија и донесоа Марија Димовска (-60 кг, помлад јуниор, лоу
кик), Силвио Мировски (-71 кг, постар јуниор, лоу кик), а сребрен медал освои Лука
Змејкоски (+81 кг, помлад јуниор, лоу кик). Без медал остана четвртиот
македонски натпреварувач на ова СП, Максим Митровски (-71 кг, постар јуниор,
К1).
На Светското јуниорско ВАКО првенство во Будимпешта учествуваа 2256
спортисти од 68 земји.
Репрезентацијата беше во состав: претседателот Дејан Митровски-Урко, секретарот Драган Атанасовски, еден од помо[ните тренери Александар Димовски и судијката Елена Костадиновска, заедно со медалистите од СП Силвио Мировски, Марија Димовска и Лука Змејковски, како и Максим Митровски.
„Беше разговарано за унапредување на кикбоксот и маитаи спортовите.
Имаме голема поддршка во кикбоксот од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Борко Ристовски. Ветуваме дека поддршката ќе ја оправдаме со резултати, многу победи, медали и пехари. Ќе преовладува победнички дух, промовирајќи ја нашата земја на сите меѓународни првенства со интонирање на македонската химна и кревање на македонското знаме“, рече претседателот КМФМ Дејан Митровски..