Боксерот Шахрил Салим од Сингапур почина поради сериозно оштетување на мозокот, откако пред две години колабира за време на тренингот. Салим имаше 23 години, престана да дише во амбулантна кола на патот кон болницата, каде што требаше да биде примен по итна постапка, поради високата температура.
Младиот боксер во последните две години беше прикован за креветот поради тешката повреда на мозокот, како последица од удар на спаринг меч, при што се онесвестил. Поради оштетувањето тој не можеше да зборува ,комуницираше само со гестови на рацете и очите. Салим, исто така, беше принуден да се храни со цевка преку носот.