Адријан Рустемовски со прекин во првата рунда загуби од Гркот Георгијас Плеас на Европското првенство во бокс за помлади сениори во Пореч, Хрватска.
Плеас тргна агресивно од почеток и на 1:34 до крајот зададе удар по кој Рустемовски не можеше да ја продолжи борбата.
Бјарам Маутовски на 11 април ќе ги одмери силите со Олександар Звириев од Украина. Со побед Мамутовски обезбедува бронзен медал.
На Европското првенство во Пореч се пријавени 253 помлади сениори и 123 помлади сениорки (вкупно 376 млади боксери и боксерки родени 2006 и 2007 година) од 35 земји.
Резултати – Европско првенство – Пореч:
57 кг
Адријан Рустемовски – Сочовка Игор Презмислав (Полска) 4-1 1/16 финале
Адријан Рустемовски – Георгијас Плеас (Грција) ТКО Р1
48 кг Бајрам Маутовски – Олександар Звириев (Украина) 11 април ¼ финале