Легендарниот Мајк Тајсон после 15 години пауза влезе во рингот, за противник го имаше Рој Џонсон, пресметката за жал заврши без победик. Пред борбата, Тајсон најави дека заработените пари ќе ги донира за хуманитарни цели.
Како што пишуваат медиумите во Америка и В.Британија, тој од борбата заработи 7,5 милиони фунти, а додека Џонс 2,5 милиони фунти.
Борбата меѓу Тајсон и Џонс во САД можеше да се гледа на ТВ за 50 долари, додека во Велика Британија беше нешто поефтина односно 20 фунти. Се чини дека за истата имало голема заинтересираност, за тоа говорат 10-те милиони фунти кои заедно ги заработија.