Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски на Балканското првенство за сениори во Анталија –Турција, доби плакета од претседателот на ЕУБЦ Франко Фалчинели за придонес во боксот.
Да потсетиме дека на Балканското првенство Гоце Јанески освои бронзен медал после 30 години. Тренерот на репрезентацијата Скендер Јахиу се врати во Македонија со еден медал, а со малку среќа можеше и со посјаен и со уште еден. Се надеваме дека Јасин Лама и Арсим Етеми ќе ги докажат своите квалитети на наредно меѓународно првенство.
Ipon.mk