Шампионот во петел категорија Пјотр Јан ќе ја заложи титулата против Алџамејн Стерлинг во главната борба на УФЦ 256 во Лас Вегас во декември. Веста ја објави Дана Вајт.
Јан и Стерлинг се навредуваа на социјалните мрежи подолго време, а прашање на време беше кога ќе се среди нивната битка.
27-годишниот Русин има учинок од 15-1 во ММА и е во серија од 10 последователни победи. Во јули, Јан успеа да го нокаутира Хозе Алдо и ја освои слободната титула. Заврши осум борби и сè уште нема загубено во ММА. Единствениот пораз на Јан е од Магомедов со поделена одлука, но тој успеа да му се реваншира.
Стерлинг, пак, е 31-годишен Американец со скор од 19-3 во ММА и е во серија од пет последователни победи, а во јуни доби шанса за титулата откако го заврши Сандхаген во првата рунда. Алџамејн заврши 10 ривали и има само еден пораз.
https://www.instagram.com/p/CGVKz_lJ7W-/?utm_source=ig_embed