Пјотр Јан доминираше над Кори Сандхаген и пак е шампион

Поранешниот петел шампион Пјотр Јан се врати на врвот. „Без милост“ се соочи со Кори Сандхаген во коглавната борба на УФЦ 267 во Абу Даби. Јан прикажа многу добра борба и одличен бокс, што му донесе победа и нова титула во УФЦ.

Сандаген започна многу добро во првата рунда. Си разменија рачни и ножни удари, а подобрите позиции беа на Кори. Сепак, во втората рунда, Јан почна да ја зголемува брзината. Пјотр го удри Кори во телото и беше многу побрз од него. Кори се обиде со летечко колено, но не можеше. Доби тешка левица од Јан, но продолжи да се бори. Во третата рунда почна да се чувствува доминацијата на Јан.

Беше многу подобар од противникот и го собори по одличната комбинација од тупаница со спин и префрлување. Јан му зададе силен граунд и паунд на Кори и немаше сомнеж дека ја доби рундата. Во четвртата рунда Пјотр продолжи да притиска и зададе подобри ножни удари. Кори одговори на ударите на Јан, но поранешниот шампион беше само едно ниво над него.

Во последната рунда Пјотр водеше убедливо и покажа поголема желба за победа. Јан зададе брутален висок удар (хај кик) во брадата на противникот, кој некако остана на нозе. До крајот на мечот Јан беше многу подобар и очекувано со едногласна одлука ја зграпчи победата – (49-46, 49-46, 49-46).

Со оваа победа Јан ја освои привремената титула во петел категорија. Се враќа на победите и ќе чека реванш со Алџамеин Стерлинг за неприкосновената титула. Тоа беше 8-ма победа за Пјотр, кој во УФЦ загуби само од Стерлинг со дисквалификација. Во меѓувреме, Сандаген влезе во серија од два последователни порази и победи во 2 од последните 5 УФЦ борби.

Во интервјуто по мечот Јан рече дека е подготвен да се бори со Стерлинг или Ти Џеј Дилашоу. Сандаген призна дека Јан е подобар од него и рече дека нема да се оправдува.

Резултати – УФЦ 267:
Главна карта
Јан Блачович – Гловер Тешеира
Пјотр Јан – Кори Сандаген со одлука
(49-46, 49-46, 49-46)
Ислам Махачев – Ден Хукер
со завршница (кимура) Р 1, 2:25
Александар Волков – Марцин Тибура (30-27, 30-27, 29-28)
Хамзат Чимаев – Ли Џинглијанг со завршница Р1, 3:16
Магомед Анкалаев – Волкан Оездемир (30-27, 30-27, 29-28)

Прелиминарни:
Аманда Рибас – Вирна Џандироба (29–28, 29–28, 29–28)
Зубаир Тухугов – Рикардо Рамос (29-28, 29-28, 29-28)
Алберт Дураев – Роман Копилов (30-27, 29-27, 29-27)
Елизо Залески дош Сантос – Беноит Ст. Денис со одлука (29–26, 29–26, 29–26)
Михал Олексејчук – Шамил Гамзатов со ТКО Р1, 3:31
Лероне Марфи  Макван Амирхани со КО Р2, 0:14
Андре Петроски – Ху Јаозонг со завршница Р3, 4:46
Тагир Уланбеков – Алан Насименто со поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON