Чичкото и тренер на светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, го смета Американецот Дионтеј Вајлдер за неприкосновен фаворит во мечот со Русинот Александар Поветкин, кој ќе се одржи на 21 мај во Москва.
„Се обложувам на победа на Вјалдер и не сметам дека борбата ќе биде тешка за него. Секогаш кога Поветкин ќе излезе против висок противник, тој се соочува со огромни проблеми. Тој едноставно не може да ја води борбата на својата дистанца. Па јас, воопшто не знам што ќе прави Поветкин во овој дуел, освен тоа, Вајлдер има и многу силен удар“, изјави Питер Фјури во интервју за Скај спортс.