Пионерската репрезентација во борење на турнир во Галбово – Бугарија

Македонската репрезентација за пионери отпатува на Меѓународниот боречки турнир „Злати Динев Ројдев“ во Галбово, Бугарија, кој се одржува утре и во недела.

Една недела репрезентативците се подготвуваа во Скопје, а овој турнир и уште неколку други ќе бидат подготовка за Европското првенство во јуни.

Во составот на репрезентацијата се:

41 кг Стефан Штерјов – Балканец, 44 кг Бесир Алили – Лирија, 53 кг Дарио Димитров – Балакнец, 57 кг Ваљон Бајрами – Лирија, 62 кг Стефан Димитров – Бучим, 68 кг Мартин Костадинов – Бучим шампиони, 75 кг Лирим Муслиу – Ускана и 85 кг Мухамед Рамадани – Лирија.

А Стефан Стојаноски – 7 Мај, Петар Насески – 7 Мај и Елведин Фета – Лирија патуваат како клупски претставиници, на сметка на клубовите.

Репрезентацијата ќе ја водат тренерите Давор Тасев и Суфијан Исмаили, а со нив отпатува и судијата Марјан Лазаров.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON