Иницијативниот одбор на џудистите ветерани, околу 25-мина: Киро Здравески, Маке Спиркоски, Лазо Цветкоски и Благоја Кузманоски (дел од првите луѓе што почнале да вежбаат џудо во Прилеп) од Прилеп на 16 март одржаа состанок и иницираа формирање на Ветеранаска лига.
Овие џудисти кои активно да вежбаат во ЏК Сеишин-Прилеп, на состанокот предложиле повеќе активности во џудо спортот во Македонија со цел за поголема попоуларизација и унапредување, и тоа: меѓусебно дружење и средби, враќање во тренажниот процес.
Прва нивна активност во таа насока е присуство во поголем број на Државното првенство за деца и кадети/ки кое ќе се одржи на 27 март во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп.
Тие го следеле тренингот на клубот во полната сала (околу 70 членови) кој им ги врати емоциите за убавите времиња и притоа највија дека сакаат да се вратат на татамито.
„Стручниот штаб на Сеишинизрази задоволство што дел од ветераните решија да го продолжат тренажниот процес во клубот и ги покани и останатите кои имаат желба да се вклучат и да се вратат на татамито. Воедно, сите беа поканети, но и оние што не присуствуваа на оваа средба да го следат Државното првенство за деца и кадети/ки“, велат од Сеишин.
Ipon.mk/В. Д.