Пинк Пантер се засили со Осман Демиров, Штип можен домаќин на ЕП во бокс

На состанок на УО на Регионалната бокерска лига во Загреб беа донесени повеќе, при што беше истакнато дека вториот дел од Лигата ќе почне на 23-24 септември, а македонскиот претставник, Пинк Пантер во седмотото коло му гостува на Спартак од Суботица.

„Има повеќе новини во Регионалната лига. Во натамошиот дел на првенството ќе има и по две воведни борби за јуниори, како најава на Регионалната лига за јуниори која ќе стартува идната година. Во 2018 година ќе ни се приклучи и екипа од Подгорица. Токму во овој град, заради популаризација на боксот, во октомври, ќе гостува националната селекција на Италија со Регионалниот бокс тим. Ререзентацијата на Регионалната лига ќе ја одбереме јас, Томислав Антељ и Мујо Бајровиќ“, вели Илија Младеновски, претседателот на Пинк Пантер и потпретседател на УО на РБЛ.

Тој најавува дека е можно Штип да биде домаќин на ЕП за деца до 14 години, за што ќе биде поднесено барање.

Младеновски се пофали дека за Регионалната лига ќе бидат засилени со Осман Демиров, поради веројатноста Димитар Ташков да се повлече.

„Во изминатите години Ташков имаше неколку повреди. Сакаме да го заштитиме. Можно е да ги брани боите на клубот до крајот на годината, а потоа заедно ќе го водиме и менаџираме клубот“, истакнува Младеновски.

Во 2018 година , Регионалната лига ќе се проширува. Можно е да се подели во две групи.

„Идната година можно е да се воведе и Супер куп. Победниците во групите на Регионалната лига ќе се натпреваруваат во фајнал фор, Победникот ќе биде прогласен за најдобар клуб“, додава членот на УО на Регионалната лига.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON