Пинк Пантер најуспешен клуб на „Лесковац боксинг најт“ (ФОТО)

Пинк Пантер е најдобрата екипа на Меѓународниот турнир Лесковац боксинг деј со три златни медали и еден сребрен.

Првите места за Штипјани ги освоија Никола Бубевски, Ѓоше Ѓошев и Бобан Мијалев, додека Ристе Ристо в е втор.

Никола Бубевски прикажал одлична борба со Алекса Митиќ, државниот првак на Србија кој има преку 60 бобри и настапи на ЕП, а настапи и на „Јордан Мијалков“ во Штип.

Ѓоше Ѓошев покажал квалитетна борба, како и Бобан Мијалев. Ристе Ристов загубил со прекин во првата рунда. Тренерот Ристо Грбев ја прекинал борбата за да го поштеди за Регионалната бокс лига, затоа што боксирал со многу поискусен противник.

Најинтересната борба на турнирот ја приредил домашниот боксер Марко Доциќ со противник од Витез, дигајќи ја публиката на нозе. Инаку Доциќ во РБЛ настапува за Пинк Пантер.

Од Македонија на турнирот во Лесковац настапи и Марко Стојановски од БК Универзлаци кој ја загуби  неговата борба.

На Лесковац боксинг најт учествуваа 10 клуба (14 борби) од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON