Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип го комплетираше составот за Регионалната лига која старува на 4 март, кога ќе пречека екипата на Војводина од Србија.
За Пинк Пантер ќе настапуваат: 56 кг Александар Ристовски, 60 кг Мухамед Кадриев, 64 кг Мартин Алексов, 69 кг Никола Арсов, 75 кг Гоце Јанески, 81 кг Илче Јоноски, 91кг Димитар Ташков и +91 кг Александар Димовски – Димса.
Минатата година најдобриот македонски боксер Гоце Јанески од Аперкат и тешкашот Александар Димовски – Димса од Пелистер ќе настапуваат како позајемени боксери, додека Илче Јоноски од Охрид веќе една година е член на штипскиот клуб, а сите други боксери се од редовите на БК Пинк Пантер.
„Иако имаме право на тројца странци, ние одлучивме да одиме со наша домашна екипа. Сепак, вака ќе ја истакнеме моќта на нашата нација“, вели претседателот на клубот Илија Малденовски.
Во Регионалната лига учествуваат седум екипи, од четири држави, главни фаворити за првото место се Сесвете од Хрватска и Лозница од Србија.
„Наша основна цел е успешно да ја претставиме Македонија во Регионалната боксерска лига. Веќе го одредивме и составот на нашата екипа. Тоа се боксери од Штип и други градови во Македонија. Се обидовме да составиме една македонска репрезентација, која верувам дека може да избори добар пласман на табелата. Во текот на месец февруари во Штип ќе пристигне и претседателот на УО на оваа лига од Загреб, кој ќе биде информиран за нашите активности“, рече претседателот и менаџар на Пинк Пантер, Илија Младеновски, кој е заменик претседател на УО на Регионалната лига.
Ipon.mk/В.Д.