На Илинден во Струмица се сретнаа претседателот Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) Дејан Митровски и Славчо Васков – Пинда поранешен репрезентативец кој стана познат на јавноста во нашата земја по купувањето на ФК Беласица.
Популарниот Пинда долги години е надвор КБФМ поради недоразбирања и неприфаќање на тогашната политика на Федрацијата. Митровски со доаѓањето на чело на КБФМ врати истакнати кикбоксерски имиња во Федрацијата и ја вртаи довербата кај клубовите. Дали ова значи и Васков дека се враќа во една од најтрфејните федерации кај нас пред Европското првенство за кадети јуниори во Скопје од 2 до 10 септември!?
Инаку, пред две години за Ipon.mk изјави дека нема да го запостави кикбоксот и повторно ќе органзира големи турнири во Струмица.
Ipon.mk/В.Д.