Костовска и Мишовска петти на „Златен појас“ во Чачак, бронза за кадетот Ведран Лазарев

На меѓународниот карате тунрир „Златен појас“ во Чачак, Србија, изминатиов викенд најдобар пласман во сениорска конкуренција забележаа Вероника Косотовска и Михаела Мишовска беа петтопласирани во сениорска конкуренција.

Костовска извојува три победи до полуфиналната средба со олимписката шампионка Ивет Горанова од Бугарија, од која загуби 0-1. Во борбата за борнзата со Хрватката Миа Грета Зорко Костовска загуби 6-4.

Мишовска забвележа две победи, а во полуфиналето и во борбата за бронза загуби од Тамара Грчиќ од Србија 0-5 и Ема Сгардели од Хрватска 0-5.

Некако нашите каратисти се потешко освојуваат медали на официјалните меѓународни натпревраувања, но тоа се одразува и на турнирите каде што редовно се враќавме со одличја.

Не е срамота да се загуби од олимписка шампионка и најдобра каратистка во светот, сепак, кругот на каратисти што може да постигнат висок резултат постојано се намалува.

Не е познато зашто други наши каратисти не учествуваа на овој реномиран турнир кој е проверка пред ЕП.

За утеха на македонското карате е бронзениот медал на Вердран Лазарев (-63 кг) во кадетска конкуренција Б класа.

Резултати

-61 кг
Вероника Костовска – Невена Филипов (Србија) 3-1
Вероника Костовска – Миа Чачко (Хравтска) 3-0
Вероника Костовска – Луција Батаија (Хрватска) 2-0
Полуфинале
Вероника Костовска – Ивет Горанова (Бугарија) 0-1
За бронза
Вероника Костовска – Миа Грета Зорко (Хравтска) 4-6

-50 кг
Михаела Мишовска – Ирис Чориќ (БиХ) 3-1
Михаела Мишовска – Ања Јовиќ (Црна Гора) 0-0
Полуфинале
Михаела Мишовска – Тамара Грчиќ (Србија) 0-5
За броинза
Михаела Мишовска – Ема Сгардели (Хрватска) 0-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON