ММА турнирот „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ синоќа во Велес понуди возбудливи борби, а од македонските борци победи извојуваа Мирза Сендиќ, ристе Гашев и Стефан Пецевски.
Организаторот Будо центар и Раде Стефановски ги доделија наградите за најдобар борец на Стефан Пецевски и за најатрактивна борба на Илија Андов и Иван Скоко од Црна Гора.
-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Орлиќ (БиХ)
Орлиќ се обиде да зададе висок удар, но Сендиќ го искористи тој момент и го пресретна, по што го чистеше и во партер беше во доминантна позиција задавајќи му серија на удари. Се кренаа и двајцата, а Мирза го собори уште еднаш и му направи лост (полуга), така борбата се заврши многу брзо. Штипјанецот Сендиќ ја извојува првата профи победа во ММА.
-84 кг Игор Лазаревски загуби од Милош Јанчиќ (ЦГ)
Лазарeвски тргна храбро, зададе еден низок удар-лоу кик и веднаш се фрли во нозете на противникот и двајцата дојдоа во положба на давење, при што Јанчиќ испадна поуспешен.
-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)
Вршкиќ се обиде да му зададе удар со нога, Гашев регаираше со директ. Потоа се најдоа во клинч, па на партер.
Ристе дојде во доминантна позиција од кад ешто испратии арсенал на удари во главата на Вршкиќ. Судијата ја прекина борбата.
-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)
Божиновски и Палавара прикажаа доста атрактивна борба, која, за жал, остана неодлучена поради ракавиците кои не беа според прописите што ги постави организаторот.
Двајцата брзо дојодоа во клинч, а Филип успеа да г о собори Анто, но тој дојде во подобра позиција. Божиновски го давеше Палвара кој успеа дасе ослободи па тој да дојде во подобра позиција. Потоа противникот направи соборување од кое битолчанецот се ослободи кога овој го подигаш, а Филип му направи лост со нозете околу неговиот врта во висење. Судијата даде знак дека победата е за Божиновски, а Палавара регаираше и не ја прифаќаше. Подоцна судиите соопштија дека борбата е неодлучена поради не соодветните ракавици.
-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Стефан Шушкавчевиќ (ЦГ)
Заткоски влезе со голем хендикеп во оваа порба поради тоа што противникот беше потежок 7-8 килограми откако првиот ривал ја откажа борбата. Александар до оваа борба имаше скор 4-1.
Заткоски брзо успеа да му влезе во нозете и да го собори Стефан, што беше неовата посакувана позиција. Црногорецот се извлече и му ја фати едната нога на нашиот претставник и со рака му зададе 4-5 дари во главата. Со овие удари тој му ја повреди подочницата на Заткоски кој побара прекин на борбата.
-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зарубица (ЦГ)
Стефан Спасовски влезе во борбат решен да ја добие со удари. Видливо беше дека ножните удари му се спори и дека тежината му смета. Тоа не значеше дека тој нема да даде се од себе. Има неколку клинчови и соборувања кои завршуваа со обострано давење. Кон крајот на втората рунда гонгот го спаси од давење од позади.
Во втората рунда Сетфан удари низок удар а Зарубица му влезе и го собори. Спасовски проба да се ивзвлече, при што легна со грбот врз него. Сепак, зарубица беше поснаодлив и го заврши Спасовски со давење.
-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Саша Савиќ (БиХ)
Пецевски уште еднаш демонстрираше голема мајсторија во бразилско џиу џицу. Тој веднаш му се фрли на противникот и го исфрли на подот. Беше во доминантна позиција при што зададе неколку уадри, а противникот со целата сила се обидуваше да се ослободи подигајќи го два-три пати. Ударите од Сефан продолжија, а Савиќ успеа да се осбоди, но не до крај, бидејќи Пецевски силно го стегна со триаглоник околу вратот. Саша се ослбодиу и се дигна на нозе, а Стефан напдна уште посилно со неколку удари во глава доведувајќи го противникот до мрежата. Се најдоа на подот и двајцата, притоа нашиот борец беше во доминантна положба и задаваше удари во главата. По една серија му дојде од позади и го давеше цврсто, па судијата мораше да ја прекине борбата.
77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)
Андов и Скоко имаа вистинска фајтерска борба со размена на лоу кикови, директи. Беше видлив недостатокот на кондиција кај нашиот борец, кој на крајот на втората рунда беше поразен со давење со триаголник.
-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)
Стефановски и Шкрељ водеа долга и исцрпувачка борба со екстра рунда. Борбата претежно беше на партер со давење, триаголоници и удари од доминатна позиција. Судиите одлучија дека е подобар Нино Шкрељ.
На ММА турнирот присуствуваа роднините на загинатите припадници на безбедносните сили, на кои од страна на организаторот и беа доделени признанија. Потоа заменик минситерот за внатрешни работи, Оливер Андонов, претседателот на Независниот полициски синдика Гоце Делчев Тодев, градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и други.
Резултати – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:
-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) го победи Изет Орлиќ (БиХ) (лост/полуга, Р1)
-84 кг Игор Лазаревски загуби од Милош Јанчиќ (ЦГ) (давење, Р1)
-75 кг Ристе Гашев (МКД) го победи Јасмин Вршкиќ (БиХ) (со прекин, Р1)
-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ) (неодлучена, поради несоодветни ракавици)
-63 кг Александар Заткоски (МКД) загуби од Стефан Шушкавчевиќ (ЦГ) (со прекин, Р1)
-72 кг Стефан Спасовски (МКД) загуби од Маринко Зарубица (ЦГ) (давење од позади,Р2)
-77 кг Стефан Пецевски (МКД) го победи Саша Савиќ (БиХ) (лост, Р1)
-77 кг Илија Андов (МКД) загуби од Иван Скоко (ЦГ) (давење, Р2)
-70 кг Филип Стефановски (МКД) загуби од Нино Шкрељ (ЦГ) (со судиска одлука по екстра рунда)
Ipon.mk/В.Д.