Пеце Наумовски: Вежбав карате за да бидам подготвен за секого, време ми е да се испробам во ММА!

 

Како што веќе објаваивме македонскиот каратист кој живее во Австралија, Пеце Наумовски, на 4 јуни во Мелбурн ќе дебитира на ММА сцената (аматери) и ќе се сретне со Мет Раид во категоријата до 66 килограми. Наумовски во Австралија има карате кариера за почит.

Ова ќе му биде првата борба на Наумовски и тоа во аматерска конкуренција на ВАМАА аматер кјеџ фајт настанот. Меѓу македонската заедница во Австралија има голем инетерес за неговиот настап.

„Од кога почнав да тренирам карате, не вежбав да бидам подготвен само за карате спортот, туку и за каков било противник. Поради ова, во последните 10 години пробав и други видови на борење. Мислам дека сега ми е времето преку ММА да си ги испробам силата или искуството“, изјави за Ipon.mk, Пеце Наумовски кој додава дека цела година напорно се подоготвувал за дебито во ММА.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON