Петре Велков освои злато на Европскиот куп „Загреб опен“ – уште 1 сребрен и 2 бронзени за нашите кикбоксери

Четири медали за кикбоксерите од К1 арена од Струмица и Предатор од Куманово на Европскиот куп „Загреб опен 2025“, од кои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени.

Најсјајниот и највреден е златниот медал на Петре Велков во сениорска конкуренција. Велков на патот до златниот медал ги совлада Лоренцо Дел Гаудио (Италија) 3-0, Јинон Синај (Израел) 2-1 и во финалето Павло Хиришчук (Украина) 2-1.

Медалите ги освоија:

Лоу кик
-67 кг Никола Глигоров – млади јуниори – бронзен – К1арена Струмица
-71 кг Данило Методиевски – постари јуниори – сребрен – Предатор
-56 кг Андреа Георгиевска – постари јуниори – бронзен – Предатор
-67 кг Петре Велков – сениори – златен – К1 арена

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON