Петре Чурлиновски: Идат подобри денови за македонскиот бокс

Селекторот на македонската боксерска репрезентација, Петре Чурлиновски, вели дека идат подобри денови за македонскиот бокс откако беше одблокирана сметката на Боксерската федерација на Македонија (БФМ).

Според него, иако еден дел  од сезоната е испуштен, може да се надополни испуштеното, а како прв чекор во таа насока е турнирот што ќе се одржи во сабота во Штип кој ќе биде од селективен карактер.

Од меѓународната програма е испуштено Европското првенство во У-22 во Романија, а треба да се има во предвид дека Македонија веќе неколку години ја нема на европската и светската сцена. Затоа Федерацијата ќе треба да ги засука ракавите и работите да се тераат во насока на функционирање на системот на натпреварувања.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON