При неодамнешниот престој на нашата репрезентативка во такевондо, Петра Матијашевиќ, која го освои историскиот бронзен медал на Европското првенство во Монтре-Швајцарија, таа направи интересна тетоважа.
Воодушевена од „Милениумскиот крст“ натурализираната Македонка од Сплит-Хрватска, на својот мускул ги истетовирала „Крстот“, Водно и сонцето.
Од Македонската таеквондо федерација велат дека Петра ветила оти ќе истетовира уште еден македонски симбол кој ја симболизира цврстината на нашиот народ, ако освои медал на Светското првенство во Кореа.
Ipon.mk/В.Д.