Непоразениот поранешен АЦБ шампион во петел категорија Петр Јан продолжи да импресионира со неговите настапи на УФЦ. Ја забележа петата последователна победа во организацијата во рок од една година. Јан го победи Џими Ривера во Чикаго и посака борба за титулата. Годинава доби две борби за четири месеци и верува дека може да ги победи во една ноќ новиот шампион Хенри Сехудо и Алџамеин Стерлинг, кој се подготвува за борба за појасот.
„Мојот план во борбата со Ривера беше секоја рунда да ја завршам категоричен начин со уривање или серија удари. Штом слушнав дека има уште 10 секунди до крајот, тоа беше индикација за мене дека морам да одам само напред. Можеби немаше време да се заврши, или нешто не беше во ред со мојата подготовка.
Мило ми е што мечот заврши. Ја видов победата што ја забележа Алџамеин Стерлинг над Муњоз, и со сета почит, би рекол дека не сум импресиониран. Во една ноќ ќе ги победам него и Хенри Сехудо.