Петмина каратисти на Макпетрол ќе настапат на Карате 1 Премиер лигата – серија А во Салзбург, Австрија, каде што викендов ќе земат учество на овој се посилен турнир.
Макпетрол во Салцбург ќе настапи со пет каратисти-ки:
-Сара Радичевска, категорија -50 кг, пријавени се 65 спортистки
-Симона Заборска, категорија -55 кг, пријавени се 97 спортистки
-Наташа Стефановска, категорија -61 кг, пријавени се 107 спортистки
-Моника Стефановска, категорија -68 кг, пријавени се 76 спортистки
-Петар Заборски, категорија -75 кг, пријавени се 170 спортисти.
На турнирот се пријавени 1.418 натпреварувачи од 86 држави во светот.
„Како клуб ја подигаме формата и очекуваме дека во Австрија, ќе прикажеме добри борби. Во моментов конкурираме со добри пласмани на светската ранг листа за добивање на стипендија од МОК, со вкупно 4 –ри каратистки, кои се најдобро рангирани на светската ранг листа“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.
Генерално најдобро рангирани македонски каратисти на Светската ранг листа на ВКФ (Светска карате федерација), во моментот во машка и женска конкуренција се: Берат Јакупи во машка конкуренција е 18 место и во женска конкуренција Симона Заборска е на 25 позиција .
Конкуренцијата во карате спортот откако стана олимписки спорт е многу голема. Како податок за масовноста на неколку најдобро рангирани држави во карате спортот е следен: Италијанците ќе бидат застапени со 153 спортисти, Франција 100, Германија 55, Полска 50, Шпанија 40, Јапонија 37, Швајцарија 37, САД 25. спортисти
Од Балканските држави најбројни се: Турција 48, Србија 43, Хрватска 41, Босна и Херцеговина 33, Грција 26, Македонија 24, Црна Гора 17, Косово 13, Бугарија 6 и Албанија 1 спортист.
Ова е претпоследниот турнир во организација на ВКФ, (Светската карате федерација), за оваа година. Последниот турнир од А серија од Премиер лигата ќе се одржи во Јапонија на Окинава.
Ipon.mk/В.Д.