Македонија ќе настапи со пет кикбоксери со осум натпреварувачи влезови на Италијанскиот Светски куп во Јесоло, од 20-24 март.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Марија Димовска – -60 кг, К1, млади јуниори
Александар Димовски – +94 кг, лајт контакт и кик лајт, ветерани
Данило Методиевски – -63 кг, кик лјат, јуниори
Давид Милошоски – -79 кг, лајт контакт и кик лајт, јуниори
Дарио Спасовски – -69 кг, лајт контакт и кик лајт, постари кадети.
На Светскиот куп ќе настапат 1516 кикбоксери со 2445 натпреварувачки влезови од 289 тима од 43 држави во светот.
„Им посакувам среќа и успех на нашите натпреварувачи и целиот македонски тим и чекаме информации за пласман и медали“, изјави Дејан Митровски -Урко, претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија.
Во нашата експедиција е и интернационалната судијка Елена Костадиновска.