Утре неколку наши кикбоксери ќе настапат на профи настан „Сплендид гран при Будва 2018“ во Црна Гора, во хотелот Сплендид, кој е во организација на Иван Стругар – претседател на Кик бокс федерацијата на Црна Гора.
Нашите натпреварувачи ќе настапат во јуниори, лоу кик -75 кг, сениори -56 кг, -71 кг лоу кик и сениори +91 К-1.
Јуниорите Слаѓан Димиќ и Илија Камчев (-75 кг) ќе се сретнат со Денис Џоковиќ и Вукан Кујевац.
Сениорката Анастасија Петровиќ (-56 кг) ќе и си спротистави на нашата Викторија Варадинова која е јуниор. Златко Стојменов (-71 кг) ќе бори со Рамзија Дациќ во сениорска конкуренција.
Во главната борба над 91 килограм ќе се сретнат Велјан Ѓоргиевски (125 кг) и Миодраг Вујовиќ (108 кг).
„Викторија ја санира повредата на лактот здобиена на последниот турнир. Во овој период имавме напорна работа на тренинзите, најмногу поради повредата, ама таа е подготвена за Анастасија Петровиќ, иако е сениор и многу поискусна. Варадинова работеше на нејзините слабости и сум убеден дека ќе прикаже одлична борба. Ова е голема храброст на Викторија која е се уште е јуниор, а ја прифати борбата со постара и поискусна натпреварувачка од неа. Таа вели дека баш тоа и бил предизвикот за да ја прифати борбата. Поради тоа и ја издвоив неа од останатите натпреварувачи. Им посакувам на сите наши натпреварувачи да прикажат добра техника, спортски дух, да извојуваат победи и, најважното, без повреди“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко кој нема да ги води нашите кикбоксери од оправдани причини.
Митровски во истото време ќе присуствува на најголемиот саем за спорт ФИБО 2018, во Келн, Германија. Репрезентацијата ќе ја водат генералниот секретар, како тренер, Драган Атанасовски и помошниот тренер Ненад Јосевски и судијата Андреј Ѓоргиев.
Ipon.mk