Поранешните борци на УФЦ, Серхио Петтис (22-5) и Кјоџи Хоригучи (29-4) го предводеа настанот Белатор 272 што се одржа во арената Мохеган Сан во Анкасвил.
Петис го победи Јапонецот со нокаут во четвртата рунда и ја одбрани титулата во бантам категорија.
Американскиот борец до триумфот стигна со кружен удар со рака (spinning backfist), откако дотогаш ги загуби сите рунди.
Петис го искористи моментот на невнимание на Хоригучи и ја извојува петтата победа во низа, четврта во Белатор.
😱 @SergioPettis turns the tide with a spinning back fist KO out of NOWHERE!
👑The Bantamweight champ retains in spectacular fashion LIVE on @SHOsports. #Bellator272 pic.twitter.com/2KEQPRrlIR
— Bellator MMA (@BellatorMMA) December 4, 2021
Во борбата за титулата во перо категорија, Џереми Кенеди (17-3, 1 НЦ) го победи Емануел Санчез (20-7), поранешен предизвикувач на Белатор, со едногласна одлука на судиите.
Кенеди на тој начин се врати на победничките патеки по поразот од Адам Борикс.
Резултати Белатор 272:
Серхио Петтис – Кјоџи Хоригучи – КО, 4Р (3:24)
Џереми Кенеди – Емануел Санчез – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Џош Хил – Џаред Скогинс – КО, Р2 (0:56)
Џони Еблен – Колин Хакбоди – ТКО, 1. коло (1:11)
Воведни борби:
Александар Шаблиј – Боби Кинг – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Каи Камака III – Џон де Хезус – едногласна одлука на (29-28, 29-28, 29-28)
Леван Чокели – Винициус де Хезус – едногласна одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Џастин Монталво – Џејкоб Бон – едногласна одлука (29-27, 29-28, 29-28)
Мајк Хамел – Килис Мота – поделена одлука (28-29, 29-28, 30-27)
Спајк Карлајл – Ден Морет – техничка завршница (давење од позади), Р3 (2:58)
Кајл Крачмер – Оливер Енкамп – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)