Петар Заборски го одбележа Балканското карате првенство за сениори минатиот викенд во Блеград со одлични настапи и во поединечна конкуренција и во екипна. Во поединечна освои бронза во категоријата до 75 килограми, а можеше и повеќе да не беа некои чудни судиски одлуки. Од друга страна, во екиниот дел беше вистински водач на карате тимот кој стана балкански првак.
„Балканското првенство беше голем предизвик за мене. По напорните тренинзи, премиер лиги, медалот си дојде некако очекувано.Нијанса фалеше да влезам во финалето, но ценам дека домашниот терен беше пресуден да победи на прегласување натпреварувачот од Србија. Секако, задоволен сум со бронзеното одличје и се надевам дека на следниве натпреварувања што доаѓаат, ќе се смени сјајот на бронзата и ќе блеска златото. Само да остане силна мотивираноста и подготвеноста која ја градиме во континуитет“, вели Петар Заборски.
Каратистот на Макпетрол за настапот во екипниот дел, шампионската титула и клучната борба за титулата што ја имаше истакнува:
„Во екипна конкуренција бевме мотивирани уште повеќе, бидејќи во првиот натпревар ја победивме екипата на домаќинот Србија.Точно е дека во првиот меч моите 8 поени беа пресудни за влез во финалето и ни дадоа голема предност .Мислам дека во финална борба со репрезентативците од Црна Гора, го оставивме срцето на татамите. Добивме три заслужени победи и го освоивме балканското злато во сениорска конкуренција. Имав впечаток дека подготвени влеговме во борба а успехот беше загарантиран“.
Резултати Балканско првенство:
-75 кг
Петар Заборски – Менсур Џозиќ (БиХ) 4-1
Петар Заборски – Страхиња Радојчин (Србија) 2-0
Петар Заборски – Ѓорѓе Салаура (Србија) 0-1
За бронза
Петар Заборски – Кемал Саховиќ (БиХ) 1-0