Петар Заборски задоволен од настапот на каратистките на Макпетрол на БП: Од три настапи освоија и три медали

Каратистките на Макпетрол во составот на македонската репрезентација на Балканското првенство за сениори во Будва, Црна Гора, имаа одличен учинок освојувајќи три медали – златен, сребрен и бронзен. Нивниот клупски тренер Петар Заборски, кој исто така е со нив на Балакнскиот шампионат, е задоволен од постигнатите резултати.

„Задоволни сме од настапот на нашите каратистки по првиот ден од одржувањето на Балканското сениорско првенство. Каратистките на Макпетрол кои настапуваат за репрезентацијата на Македонија, од три настапи освоија и три медали, од кои еден златен – Јована Мицовска, еден сребрен – Викторија Јовановска и еден бронзен за Ангела Мојсовска. Посебно сум задоволен од пристапот и нивната борбеност и желба за успех која ја искажаа во сите борби со најквалитетните каратистки од сите балкански држави“, изјави Петар Заборски.

На Балканското сениорско првенство кое се одржува викендов во Будва, Црна Гора, учествуваат 12 држави со 337 спортисти.

Во секоја тежинска  категорија право на настап имаат најдобрите 4 (четири), спортисти од секоја држава. За многу држави Балканското првенство е критериумско за влез во националните репрезентации, за претстојното Европско сениорско првенство.

Резултати Балканско првенство за сениори:

Балканска шампионка Јована Мицовска (-61 кг)

Јована Мицовска – Ника Бешлија (Хрватска) 5-4
Јована Мицовска – Јована Струјиќ (ЦрнаГора) 8-4
Јована Мицовска – Магдалена Божиновска 0-0
Финале
Јована Мицовска – Викторија Јовановска 4-3

Викторија Јовановска – Миа Чачко (Хрватска) 0-0
Викторија Јовановска –  Кристина Ѓоргевиќ (Србија) 2-1
Викторија Јовановска – Луција Батаија (Хравтска) 1-0
Викторија Јовановска – Миа Грета Зорко (Хрватска) 3-1
Финале
Викторија Јовановска – Јована Мицовска 3-4

-68 кг
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 8-5
Ангела Мојсовска – Бријана Маница (Романија) 8-1
Ангела Мојсовска – Дуња Рајиќ (Србија) 8-5
Ангела Мојсовска – Илма Рахмановиќ (БиХ) 4-7
Забронза
Ангела Мојсовска – Матеа Калмар (Србија) 2-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО