Петар Заборски супериорно до златото на Светскиот младински куп во Умаг

Петар Заборски од Макпетрол го освои златниот медал на Светскиот куп за младинци во Умаг, Хрвтаска, во У-21 во категоријата до 75 килограми по победата во финалето со 4-2 над Италијанецот Лоренцо Пијетромарчи.

Заборски до финалето забележа четири победи и тоа против Никлас Веимер од Шведска 4-0, Марк Саликру од Шпанија 5-0, Патрик Ривест Николас од Канада 8-0 и во полуфиналето Камил Салаев од Русија 3-2.

Во Умаг има учествуваа 2000 каратисти од 70 држави.

Според она што го најави ВКФ, место за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес-Аргентина во 2018 година обезбедува секој што ќе освои медал, така што Петар Заборски си ја доби олимписката виза. Инаку Заборски беше единствениот македонски каратист што освои медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, бронзен, во истата конкуренција и категорија.

Покрај Петар, вчера медали освоија Фаик Весели од Олимпик спорт златен во борби за јуниори и Маријана Димоска од Ронин бронзен во кати за У-21. Тројцата каратисти според критериумот на ВКФ обезбедија место за ОИ за млади во Аргентина.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON