Петар Заборски и Данило Божовиќ се европски универзитетски прваци, Ангела Мојсовска освои бронза (ФОТО)

Македонската универзитетска карате репрезентација забележа одличен резултат на Европската универзијада во Мишколц, Унгарија. Нашите каратисти Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг) извојуваа победи во финалните натпревари и ги освоија златните медали, додека Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг). Стефан Стојановиќ е петтопласиран.

Во финалниот меч Петар Заборски не дозволи никакво изненадување, извојува победа во борбата со Тим Шајнер од Германија од 2-0. Со тоа Петар Заборски ја одбрани европската титула која ја имаше на минатата Европска Универзијада од Лоѓ, Полска, и, воедно стана еден од најтрофејните европски каратисти меѓу студенетите.

Данило Божовиќ исто така беше успешен во финалниот натпревар и освои златен медал, славејќи 1-0 против Словакот Томас Коса.

На Европската Универзијада учествуваа преку 5000 студенти, од 400 универзитети од 40 европски држави и се натпреваруваа во 18 спортови.

РЕЗУЛТАТИ:

  -75 кг
Петар Заборски- Рафаело Ди Гиола (Швајцарија)  5-0
Петар Заборски–Тамаш Ацс (Унгарија) 8-0
Петар Заборски – Гонцало Феитас (Португалија) 3-0
Петар Заборски – Сасу Ндао (Франција) 1-0
Финале
Петар Заборски – Тим Штајнер (Германија) 2-0

+84 кг
Данило Божовиќ – ЈахумТимавски (Словачка) 4-3
Данило Божовиќ – Немања Јововиќ (Црна Гора) 4-1
Данило Божовиќ – Осман Османли (Турција) 5-1
Финале
Данило Божовиќ – Томас Коса (Словачка) 1-0

-68 кг
Мојсовска Ангела – Ана Марија Равлиќ (Хрватска) 1-0
Мојсовска Ангела – Арабли Рената (Азербејџан) 9-1
Мојсовска Ангела – Маделина Хроетер (Германија) 1-9
За бронза
Ангела Мојсовска – Маница Бријана (Романија) 10-2

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Девхартс Рајан (Англија) 8-0
Стефан Стојановиќ – Гок Самед (Турција) 1-0
Стефан Стојановиќ – Коса Томас (Словачка) 1-1
За бронза
Стефан Стојановиќ – Кадир Фуркан Генч (Турција) 1-1

-61 кг
Викторија Јовановска – Мараута Михаела (Романија) 0-2

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО