Петар Заборски го освои бронзениот медал за честа на македонското карате на Европското првенство (ФОТО)

Петар Заборски го осовиот првиот медал за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во конкуренција на јуниори до 21 година во категоријата до 75 килограми. Заборски го освои бронзениот медал.

Специјален извстувач: Венцо Донев

Фото: Ipon.mk

Во клучниот меч за бронзениот медал Петар Заборски го совлада – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0).

Инаку во првата средба Заборски загуби од Габор Хараспуки од Унагрија со 0-3, но затоа во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби.

Петар Заборски (-75 кг) 2.коло – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3 (0-1, 0-2, 0-3)

Заборски дозволи многу лесно да му ги земат првите два поени, а третиот дојде како последица на бркање резултат. Во две ситуации судиите не доссудија поени за Петар, при кизаме цуки и уширо гери.

Репасаж: Петар Заборски – Ардит Рушити (Словенија) 2-0 (1-0, 2-0)

Заборски влезе многу сигурно во првата борба од репасажот и со напаѓачка тактика, така што на два пати со брзи кизаме цуки поентираше. Потоапостојано го притискаше противникот.

Репасаж 2: Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0

Заборски и Салапура водеа статичка борба со многу претпазливост, па се се реши во последните секунди, а Петар победоносниот поен го направи на 8 секунди до крајот.

За бронзен медал: Петар Заборски – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петар се избори мудро и храбро и го потроши и последниот атом во клучната борба за бронзениот медал содва извонредни чако зуки удари.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON