Петар Заборски (-75 кг) не ја пројде 4-тата група на Карате 1 Премиер лигата во Казабланка, Мароко, но тоа е по голема заслуга на судиите.
По снимиките што ги прегледавме се гледа дека во мечот со Јорданецот Хасан Масарвех не му е досуден чист поен. Истото се случи и во борбата со Андриј Заплитњи од Украина.
Ваквите судиски одлуки не се во духот на спортот, а ВКФ треба да се зпраша каде води сето ова? И, уште колку долго ќе чека во редот за настап на Олимписките игри.
Петар Спасеновски настапува подоцна.
Резултати:
-75 кг – 4 група
Петар Заборски – Хасан Масарвех (Јордан) 0-0
Петар Заборски – Андриј Заплитњи (Украина) 0-4
-84 кг – 3 група
Петар Спасеновски – Хвича Кипароидѕе (Грузија)
Петар Спасеновски – Бјорн Куловуори (Финска)
Петар Спасеновски – Иван Квесиќ (Хравтска)
На Премиер лигата настапуваат 32-та најдоропласирани ВКФ ранг-листата, односно настапуваат 381 натпреварувач од 60 држави.