Петар Спасеновски: Среќен сум што последната јуниорска година ја крунисав со медал!

Petar Spasenovski na piedestal EP 2016

Освојувачот на брознениот медал на Европското првенство во јуниорска конкуренција во борби, Петар Спасеновски (+76 кг) за Ipon.mk изјави:

Petar spasenovski bronza na EP

„Овој медал има големо значење за мене, бидејќи оваа ми е последна јуниорска година и сум среќен што ја завршив со медал. На крајот, целиот труд се исплатеше и ова беше едно големо искуство, кое се надевам дека во иднина ќе се рефлектира во сениорска конкуренција“.

Petar Spasenovski site na piedestal na EP 2016

Петар до сега не дојде до израз поради критериумскиот правилник за влез во репрезентацијата, но штом влезе веќе покажува резултати.

Спасеновски во Лимасол во првото коло беше слободен, во второто со 7-0 го победи Чехот Петр Урбанец, во третото – Србинот Владимир Брезанчиќ (4-1), а во полуфиналето загуби од Италијанецот Азиз Мухидине со 0-1. Во репасажот, во мечот за бронзата, Спасеновски со 5-0 го победи убедливо Белгиецот Бер Алофс.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON