Петар Спасеновски од Макпетрол ќе настапи на првото издание во 2025 година на светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција, од 24 до 26 јануари.
На Премиер лигата настапуваат 32-та најдобри каратисти во светот, а токму репрезентативецот Петар Спасеновски (-84 кг) има обезбедено место во светската карате елитата.
Од друга страна, иако Петар Заборски во моментов е најдобро рангиран македонски каратист на светската ранг-листа на ВКФ, на овој турнир ќе биде во својство на тренер, бидејќи се уште се опоравува од повредата здобиена на Светската лига во Салзбург.
Во моментов каратистите на Макпетрол, се единствени македонски каратисти во машка конкуренција, кои имаат обезбедено норма да бидат во Топ 32 на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација).
Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави.
Ќе потсетиме дека во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.