Петар Спасеновски ги заврши настапите на Премиер лигата во Казабланка

Петар Спасеновски (-84 кг) ги заврши борбите во 3-тата група на Карате 1 Премиер лигата во Казабланка, Мароко, со три порази.

Спасеновски загуби Хвича Кипароидѕе од Грузија, Бјорн Куловуори од Финска и Иван Квесиќ од Хравтска и беше четврти во групата.

Во претпладневниот дел и Петар Заборски (-75 кг) беше елиминиран од понатамошните натпревари со голема заслуга на судиите.

Резултати:

-84 кг – 3 група
Петар Спасеновски – Хвича Кипароидѕе (Грузија) 1-2
Петар Спасеновски – Бјорн Куловуори (Финска) 1-3
Петар Спасеновски – Иван Квесиќ (Хравтска) 1-3

На Премиер лигата настапуваат 32-та најдоропласирани ВКФ ранг-листата, односно настапуваат 381 натпреварувач од 60 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО