Петар Спасеновски беше на чекор за висок пласман на Премиер лигата, Петар Заборски се стекна со највисока тренерска лиценца на ВКФ

Петар Спасеновски прикажа добри борби на светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција, малку фалеше да се пласира во четвртфиналето.

Спасеновски од Макпeтрол имаше одлична борба со Андриј Торашанко од Украина коија заврши 2-2, а победата му избега на 2 секунди пред крајот. И во вториот настап исто така прикжа добра борба и беше блиску до победата и при водство со 3-2, а преглед на акција загуби 3-4 од Јапонецот Јунја Ето.

Затоа во третата борба со Германецот Јане Хауболт не дозволи изненадување и славеше со 3-1. На крајот го зазеде второто место во групата. Прво место му припадна на Ето (Јапонија) кој на крајот го освои бронзениот медал. Јапонецот во групата ја имаше најтешката борба со Спасеновски, ако не беше прегледот на еден поен, резултатот ќе беше 3-3, односно прво место за Патар во групата и пласман во четвртфиналето, еден чекор до медал.

Сепак, тандемот Петар и Петар (Заборски-тренер, Спасеновски-натпреварувач) имаат место за задоволство, бидеќи ова е прв натпревар во 2025 година, така што може да очекуваме врвни резултати.

Од друга страна, тренерот на Макпетрол, Петар Заборски на Премиер лигата во Париз успешно го положи испитот за највисока тренерска лиценца која се издава од страна на ВКФ (Светската карате федерација).

Ќе потсетиме дека на Премиер лигата настапуваат 32-та најдобри каратисти во светот. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави.

Иако беа отсутни, Петар и Петар добија радосни вести од Македонија. Во годишниот избор на најуспешни каратисти на Карате федерацијата на Македонија Заборски е прв, а Спасеновски втор, додека Петар Заборски е избран и за најдобар тренер во младинска конкуренција трета година по ред. Нивниот клуб Макпетрол го доби признанието за најдобар клуб во младинска конкуренција.

Карате 1 Премиер лига – Париз 2025:

1 група
-84 кг
Петар Спасеновски – Андриј Торашанко (Украина) 2-2
Петар Спасеновски – Јунја Ето (Јапонија) 4-3 со прегелед на снимка
Петар Спасеновски – Јанне Хауболд (Германија) 3-1

Медалисти -84 кг:
1.Јусеф Бадави (Египет) – златен
2.Мохамед Алјафари (Јордан) – сребрен
3.Јунја Ето (Јапонија) – бронзен
3.Мехди Срити (Мароко) – бронзен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО