Доаѓајќи од големата победа на УФЦ 299 Петар Јан се обидува да се поправи по последни два порази и повторно да се соочи со Мераб Двалишвили или шампионот во дивизијата Шон О’Мели.
Во воведната борба на главната карта на УФЦ 299 Јан успеа да го победи Сонг Јадонг со одлука и ја прекина серијата од 3 порази. Тој загуби последователно од поранешниот шампион Ааџамејн Стерлинг, актуелниот шампион Шон О’Мели (двајцата борби со поделени одлуки) и сегашниот прв предизвикувач за појасот, Мераб Двалишвили.
Од неговите последни три порази, Русинот има само два да надомести бидејќи Стерлинг ја напушти бантам категорија со поглед на титулата во перо категорија. Јан повика на реванш со нив и увери дека работите овојпат ќе бидат во негова корист.
„Почна реванш сезоната. Кој и да ми понуди УФЦ, сакам да ги победам овие двајца момци. Сакам реванш со О’Мели и Двалишвили, овојпат порано ќе се подготвувам за борба на попрофесионален начин. Сезоната на лов почна.
Од каде да учам англиски? Мојот учител е Јутјуб, канал на Јутјуб, изјави Јан за медиумите.
View this post on Instagram