Петар Арсовски (38,5 кг) поради повреда на тренингот нема да учествува на Европското првенство во бокс за деца во Албена, Бугарија, кое почна вчера и ќе трае до 1 јуни.
На тренингот со бугарската репрезентација, каде што се подготуваше Петар за ЕП, дошло до повреда на носот, а по лекарскиот преглед е утврдено дека е ризично да настапи на шампионатот.
Како и да е, Арсовски има можност и догодина да настапи на Европското првенство за деца.
Арсосвки беше во добра форма, демонстрирајќи го тоа на Купот на Бугарија во Габрово, каде што го освои бронзениот медал.
Ipon.mk