Петар Арсовски освои бронзен медал на силниот Меѓународен турнир „Куп на нациите“ за јуниори во Врбас, Србија, но испушти голема шнаса за финале. Арсовски е поразен со 1-4 од Романецот Александру Гинак.
„Испуштивме шанси во текот на целиот меч. Не сум задоволен од тоа што го покажа во рингот. А има и за што да жали, бидејќи во финалето е Казахстанец, одличен боксер. Тоа е пропуштена шанса за соочување со таков боксер“, изјави неговиот тренер и татко Александар Арсовски.
На турнирот учествуваат 119 боксери од 16 земји во светот.
Резултати:
50 кг Леонардо Лимај – Николас Камбуракис (Кипар) 0-5
57 кг Енис Алиу – Ѓорге Мијатов (Србија) 0-5 (Р3, прекин од лекар)
52 кг Петар Арсовски – Александру Гиндак (Романија) 1-4