Петар Арсовски (38,5 кг) и Марија Мацеска (48 кг) ќе настапат на силниот Меѓународен турнир во „А. Климанов“ во Харков, Украина, од 10 до 15 јуни, како дел од завршните подготовки за Европксото првенство за ученици во Тбилиси, Грузија, во август.
Арсовски и Мацеска ќе ги водат тренерите Вели Мумин и Александар Арсовски.
Учество на турнирот најавиле земји од поранешниот Советски Сојуз.
„Сите овие деца, покрај тоа што ќе боксираат во најмалата возрасна категорија – ученици, доаѓаат со многу солидeн број на мечеви. Физички и психички сите се одлично подготвени“, вели Александар Арсовски кој додава дека нашите репрезентативци овие денови ќе бидат на вистински тест со едни од најдобрите боксерчиња во светот.
Фактички ова е последен тест за нашите боксери кои во Украина ќе останат до 17 јуни.
На вакви турнири и во вакви сали настапувале и големите боксерски имиња од оваа земја Васил Ломаченко, Александар Усик, Гвоздик, Дервиченко, Бернчик и други.
Ipon.mk