Петар Арсовски (57кг) на Меѓународниот турнир „Омладинска златна ракавица“ се пласира во финалето по убедливата победа против репрезентативецот на Србија, Милан Циксарин.
„Победата беше очекувана, проработеа некои работи кои претходно ги трениравме. Уште во првите 30 секунди од првата рунда противникот два пати се најде во нокдаун. Тоа значеше и крај на борбата“, рече неговиот татко и тренер Александар Арсовски.
Боксерот на БК Чаир, Петар Арсовски, утре во финалето ќе се сретне со домашниот боксер Лука Михаиловиќ кој денеска славеше против боксер од Кипар
Утре, уште двајца наши боксери ќе излезат на рингот, Мердијан Алими (52 кг) од БК Хасанбег и Бајрам Мамутовски (46 кг) од БК Куманово.
На овогодинашната Златна ракавица во Бања Лука, Босна и Херцеговина, учествуваат Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Австрија,Босна и Херцеговина и Кипар.
Утре финалето почнува во 17 часот.