Петар Арсовски е во финалето на Државното првенство на Бугарија (ФОТО)

Втора победа за Петар Арсовски (-54 кг) на Државното поединечно првенството на Бугарија.

Арсовски, кој настапува за Локомотив од Софија, во полуфиналето го победи Ахмедов Јавор од БК Јамбол со судиска одлука 3-0.

„Чист технички изработен меч, уште од стартот на првата рунда. Не сакавме никакви ризици за да не дојде до некаква повреда. Утре да бидеме што е можно посвежи за финалето“, вели неговиот татко Александар Арсовски, инаку тренер и додаде:

„Јас сум задоволен од прикажаното, бидејки искуството на Пепка прави да може тактички да ги размислуваме варијантите за победа“.

Вчера со прекин во првата рунда Петар го победи Георги Русанов од Спартак- Пловдив.

Државното првенство се одржува во градот Петрич со учество на над 150 боксери во возрасната група младинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON