Петар Арсовски стана шампион на Буграија откако на Државното поединечно првенство во Петрич славеше против 18-годишниот Андреас Димитров од БК Варна.
Тоа беше трета последователна победа и златоза најдобриот младински боксер на Македонија кој настапува за Локомотив од Софија, каде што учи и тренира.
„Секогаш сум кажал финалето е сосема различно од останатите мечеви. Треба да се влезе многу концентрирано и со голема желба за победа. Нема простор за калкулирање..Петар избоксира на висината на задачата, односно се течеше по планот за време на целиот меч.
Победа во финалето против Андреас Димитров од БК Варна кој веќе има 18 гидини и настапува и во сениорската конкуренција, со оглед на тоа дека е 2004година. Секако, тоа многу ни значи…знаејќи дека во малите тежински категории Бугарија секогаш имала одлични боксери“, вели татко му Алекасадар Арсовски кој е и боксерски тренер.
Тој истакнува дека е сосема логично оти тренажниот процес раѓа плод и дека Петар е во победничка низа.
Следно и последно за оваа полусезона е настапот на „Арена куп“ во Скопје на 25 јуни во организација на БК Чаир.
Потоа следи пауза за Арсовски и доволно време за одмор и почеток на предприподготвителен период за Светското првенство во Шпанија во ноември.