Таеквондистите на МТТФ изминатиов викенд освоија 5 одличја – 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал и пехар за најдобарј јуниор на Меѓународниот ИТФ турнир „Дубровник опен“.
Резултати по клубови:
Сонкал – Мислешево, Струга
-Давид Крстески
Пехар за најдобар јуниор 16-17 години
1 место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17 години,-63 кг 1 место форми младинци У -18 , 16-17години , црн појас 1 дан
Хва ранг ИТФ Лескоец, Охрид
– Михаил Јоноски 2 место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17години,-75 кг 2 место форми младинци У -18 , 16-17години , 4-3 куп
Мастер – Охрид
– Владимир Димитиревиќ 3 место спаринг –борби младинци У -18, 16-17години, -75 кг
„Иако преморени од претходниот викенд, нашите избраници дадоа се од себе и не израдуваа со добри резултати. Давид Крстески беше незапирлив во совјата категорија и во форми и во борби, па беше прогласен за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои се натпреваруваа во иста категорија во борби, на патот до златото беа немоќни против судиските одлуки“, вели претседателот на МТТФ МарјанчоЛазаревски.