Пет одличја за џудистите на Сеишин на „Трофејот на Никшиќ“

Вчера на 15. Меѓународен турнир во „Трофејот на Никшиќ” во Црна Гора џудистите на Сеишин – Прилеп зеде учество освонија  5 медали – 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени.

Медалите во многу силна конкуренција  ги освоија:

1.Тамара Илиоска – златен
2 Теодора Илиоска – сребрен
3.Матеја Николоска – бронзен
4.Дила Пупаловиќ – бронзен
5.Марко Ацески – бронзен

Јована Цветкоска и Елдина Пупаловиќ се петтопласирани.
На турнирот учествуваа вкупно 488 натпреварувачи од 41 клуб од 5 држави..
Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Дејан Мицкоски кои се задоволни од постигнатите резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО