На Меѓународниот џиу џицу турнир, последен во првата половина од годинава, „Јахорина опен 2024“ македонските натпреварувачи осбоија 5 медали – 2 сребрени и 3 бронзени.
Медалите ги освоија:
Зоран Колевски – сребро, У18 -62 кг и бронза во У21 -62.
Марија Треневска сребро во У16 +63кг
Антонио Стојчески бронза У18 -69 кг
Јаким Колевски бронза У21 -69кг
На турнирот настапија 502 натпреварувачи од 8 држави.
Од Македонската џиу џицу федерација ведлат ова е уште еден контролен турнир пред Светското првенство во октомври во Крит.
Ова е осмиот турнир во само 4 месеци: Џенова- Италија, Брисел – Белгија, Марибор – Словенија, Питешти – Романија, Бања Лука – БиХ, Нови Сад – Србија, Лозница – Србија – Јахорина – БиХ.