Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Најмладите македонски каратисти по два дена освоија 5 медали – 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени на Балканското пренство за деца во Истанбул, Турција.

Медали освоија:

Марко Џорлев -50 кг, 13 години, борби – златен
Ринар Билали -37 кг, 12 години, борби – сребрен
Ајан Муареми -40 кг, 11 години, борби – бронзен
Ејрона Емини -44 кг, 13 години, борби – бронзен
Ката тим мажи 12-13 години – бронзен

Марко Џорлев (-50 кг) за златниот медла салвеше против Адмир Аџем од Босна и Херцеговина 3-0.

Џорлев претходно извојува 4 победи.

-50 кг
Марко Џорлев – Иван Баришиќ (БиХ) 5-0
Марко Џорлев – Матеј Радуловиќ (Србија) 2-0
Марко Џорлев – Селим Тахсин (Турција) 1-0
Марко Џорлев – Еге Озер (Турција) 3-1
Финале
Марко Џорлев – Адмир Аџем (Б и Х) 3-0

Тренерите на КК Штип Сашко и Жарко Арсовски се гордеат со нивниот каратист, покажувајќи дека и најмладите ја продолжуваат традицијата на клубот да освојуваат најсјани одличја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON