Џудистите на Иппон од Скопје освоија пет медали на Меѓународниот турнир „Џудо за мир“ во Пеќ, Косово, а Резарт Хусеини освои златен медал во сениорска конкуренција.
Медалите за Иппон ги освоија:
Румејса Фејзула – златен медал, пионерки до 52 кг
Резарт Хусени – бронзен медал, кадети до 60 кг
Ветон Ајдинов – бронзен медал, кадети до 60 кг
Ангел Ангелов – сребрен медал, кадети до 66 кг.
„Резарт Хусени настапи и во сениорска конкуренција и покажа одлични борби во категоријата до 60 килограми. Сите наши џудисти кои се бореа покажаа одлично џудо“, вели тренерот Горан Мицкоски.
На турнирот ќе настапат натпреварувачи од осум земји, како Англија, Австрија, Романија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина , Црна Гора и Косово.
Ipon.mk/В.Д.